Фејсбук страницата “Православно секојдневие“ која ја работат луѓе со благослов на Партениј со полна пареа пропагира прифаќање на екуменизам и единство со еретиците.

На страницата зачестија објави во одбрана на Вселенскиот патријарх кој е еретик и јавно говори за учења спротивни на Светите отци, а според нив секој кој го напаѓа патријархот бидејќи шири ерес е противник на автокефалија на МПЦ, како божем градат односи со патријархот за автокефалија на МПЦ, а во меѓувреме наметнуваат ерес.

Ова е ставот на Вселенскиот патријарх во врска со екуменизмот:

Спротивставување на екуменизмот е дијаболично. Секое спротивставување на екуменизмот е дијаболично и клевета. “Сестринската црква“ на Фанар(според нивните зборови), Римската католичка, се согласува со Вартоломеј.

Значи веќе ја нарекуваат сестринска црква иако се наоѓа во ерес од 1054 година и повеќе канони забрануваат општење со нив.

А сега да видиме што пишува Свети Серафим Роуз во врска со екуменизмот.

Со оглед на тоа дека Господ говори преку Светителите, Самиот Свет Дух, а гледаме дека Свети Серафим напишал дека екуеменизмот е ѓаволски “придонес“, тоа значи дека Господ преку Свети Серафим како и преку многу други Светители ни пренесол дека екуменизмот е ѓаволска алатка.

А монаси од Света гора Атонска во интервју дадено во 2016-та го кажуваат следново: “ Патријархот Вартоломеј ги надмина сите еретици! Фактички подемот на екуменизмот започна во 1902 со Вселенскиот патријарх Јоаким, 3-ти, кој бил масон“.

Ете така, Партениј наметнува плод на масонерија, која е плод на сатанизам.

Е сега кога објаснивме зошто Вартоломеј е еретик, да видиме што пишуваат на страницата “Православно секојдневие“.

Прво, секој кој е противник на еретикот Вартоломеј го прогласуваат за противник на автоќефалија на МПЦ, како небаре соработуваат со него за признавање на МПЦ, а ги наметнуваат неговите еретички ставови. Иако нападите против него се токму поради ширење на ерес, сепак според “Православно секојдневие“, ако се спротивставите на ерес, се спротивставувате на автоќефалија на МПЦ. Добро…одиме понатаму. Викаат дека посетата на Партениј и на неговото братство и сестринство кај Вартоломеј била причина за спинувања, а со цел разбранување на црковната јавност, а прашуваат и која е целта да се обвини патријархот за папизам. Па за ова последното погоре објавивме негова изјава дека упатува на единство со Рим и тоа би бил одговорот на нивното прашање. Што се однесува на тоа дека некој шири спинови и прави разбранување на црковната јавност, тоа е Партениј и дел од САС на МПЦ. Партениј беше нападнат поради средбата со патријархот не само затоа што се сретна со еретик, туку затоа што замина на таа средба за да договорат воспоставуваање на еретичките движења во Македонија, а една од целите е и наметнување на еретичкиот календар и отстранување на стариот. Тоа може да се види и по активностите на нивната страница.

Наместо на 7-ми Јануари кога се родил Христос тие веќе честитаат Божиќ на 24-ти Декември.

И како ова да не е доволно го објавуваат следново:

Прво, еретикот го нарекуваат “Неговата Божествена Сесветост“.

Му го честитаат Божиќ на Вартоломеј според ревидираниот јулијански календар кој е плод на ерес и дури ги повикуваат сите нивни духовни чеда да им се придружеле во молитвите за Вартоломеј, кој е еретик и шири ерес, уште многу години да ја водел Црквата Христова. Значи отворено бараат да се молиме еретици да бидат на чело на Црквата Христова.

Грегоријанскиот календар кој го наметнуваат стапил на сила во 1582 година со декрет на папата Григориј 13-ти по кого е и наречен.

Оваа одлука не смее да се прифати во Православната црква, бидејќи од 1054 година Католичката “црква“ е влезена во ерес, а видовме што ни порачал Свети Серафим Роуз во врска со католицизмот. Оваа одлука е токму ѓаволски плод. Ова може да се согледа и според делата на папата Григориј 13-ти, според кој е именуван календарот. Наместо како што не учи Христос да простуваме на своите непријатели, папата организирал убиство на илјадници хугеноти.

И ова е само едно од делата на католиците што укажува на нивното грешно сфаќање на Христијанството, а кое што ни кажуваат да го прифатиме на страниците предводени од духовни чеда на Партениј.

Дека календарот е еретички кажува и одлуката на Православната црква која никогаш не го прифатила овој календар, па затоа смислуваат лукав план и прават “нова верзија“ наречена ревидиран Јулијански календар.

За неупатената паства да го прифати патријархот како добар и да ги прифати еретичките учења кои ги наметнува, на истата страница се пишуваат текстови во негова одбрана.

Па така објавуваат ја објавуваат оваа изрека од Митрополитот Струмички Наум:

Со фотографија на која е прикажан со Вартоломеј прво порачува дека оној што им проштева на непријателите има Божја благодат во себе, а ако некој не му прости и на својот непријател, има демон во себе. Зад овој текст се крие голема лукавост. Наум иницира на тоа дека треба да му се прости на Вартоломеј за неговите Богохулства, што е тотално во ред, на тоа не учи православието, но и тој треба да се покае, а не да продолжи да шири ерес, а православието уште не учи дека не смееме да останеме рамнодушни на ерес. Со кажаното дека оној кој нема да му прости на својот непријател е опседнат од демон, иницира на тоа дека доколку не го прифатите Вартоломеј кој шири ерес, вие сте демоноопседнати. Значи според наум ако сте против ерес предизвикана од демони, вие сте опседнати од демони!

Наум претходно упати текст за оние кои “осудуваат“ членови на црквата што делуваат погрешно дека повлекувале со себе мал број и тогаш се случувало секта.

Значи сега секта се и вистинските православни. За иронијата да биде поголема, самиот Наум е дел од сектата Темплари, која е буквално базирана на сатанизам и прават против канонски ритуали во храмовите на МПЦ, со тоа и ги сквернават истите.

Покрај ова Наум има прекршено и други канони донесени на Вселенските собори од Светите отци, еден пример е и ова:

А сега, прогласување на сите кои ја негирате Вселенската патријаршија поради ерес, за негатори на сопственото постоење и православието кое го тие го изобличуваат…

Дека вакви движења во нашата црква не смееме да прифаќаме не учат и Светителите. Свети Серафим Саровски вели:

И ако Свети Серафим ни кажува да го исполнуваме она што го востановила црквата на седумте Вселенски собори, а на тие собори е забрането заедничко општење со Ватикан и сите еретички учења, запрашајте се зошто Партениј и останати владици упорно наметнуваат заедништво со Ватикан.

Со учењето на паствата Христова да прифати Екуменизам, Партениј го прекршува и овој канон:

Канонот јасно кажува народот да се упатува според преданието на Светите Отци и да не се престапуваат нивните одлуки, гледате горе што напишале за општење со еретиците, а Партениј преку Фејсбук страни го наметнува токму спротивното. И сега кого да слушаме, Светите Отци и Светителите или Партениј?

Не беше доволно сето ова, па негово духовно чедо ги нападна страниците кои го бранат православието дека се секташки, и им напомена на народот како такви да ги отследат.

И ете, сега секта сте и ако ги споделувате учењата на Светите Отци и сте против секаков вид на Ерес. Дали според нив и Светителите се еретици, бидејќи и тие учат дека спасот е само во Православната Црква. Преподобниот Серафим Саровски го кажал и следново:

И сега повторно прашуваме, ако Свети Серафим рекол дека спасот е само во Православието и не треба да другаруваме со расколници и еретици, со кое право Партениј наметнува екуменизам и прифаќање на еретикот Вартоломеј и ги напаѓа како секташи оние кои се против? Зарем не е тоа сатанизам?!

По нашата објава за тоа дека Партениј ги затврал монахињите од Рајчица, бесрамно со цел да ја прикрие својата мрачна страна излезе со беседа во која им упати на сите да трошат помалку време на социјалните мрежи, а повеќе на молитва. Иако самиот тој повеќе шири ерес отколку православие и има тим кој следи се што се пишува по интернет.

Дури го ангажира и свештеникот Јани Мулев да каже два-три збора. Тој упати апел на верните кога ќе посетуваат страни да проверат дали е православна содржина и им посочува дека православието е љубов, а не надри-духовност.

Ова е многу иронично бидејќи видовте погоре дека нивните страни не шират православна содржина, а им ја претставуваат како таква и ги напаѓаат сите кои ја изобличуваат ереста што ја шират. Кој тука шири надри-духовност? Па и ние поради ова би им порачале на народот: да не верува на секого, туку да се води според Светото Писмо и Светите Отци и тогаш ќе процените сами што е “православна содржина“, а што ерес.

Покрај сето ова Јани потенцира на тоа дека објавата е без автор и напиша на објави без автор и без докази да не им се верува, па еве сега со докази објавуваме за ширење и наметнување на ерес од страна на Партениј, а народот нека заклучи, дали покрај се што изложивме ова не е вистина, бидејќи авторот е анонимен.

Да додадеме и уште што велат Светите Канони за монаштвото:

“Да не земаат на себе световни грижи, да не се мешаат ниту да учествуваат во световни работи, освен ако заради неопходна потреба им допушти епископот“. А во манастирот кој треба да е дом за молитва и покајание се организираат натпревари на кои потоа се доделуваат и пехари (идолопоклонство).

Од кога е нормално и по кој канон, манастир да организира турнир во фудбал, што според Свети Варсануфиј оптински е ѓаволска игра и да спроведува идолопоклонство со доделување на пехари?!

Погоре видовме дека монахот не треба да го интересира ништо световно, а да видиме што велат каноните и за примање на световни награди:

А еве го и Партениј повторно контра на каноните:

АПЕЛИРАМЕ: Надлежните институции да го расчинат Партениј бидејќи неговите духовни чеда (а се многу) поради неговото грешно учење го сметаат сатанизмот за православие. Па така, Партениј кој делува спротивно на сите овие канони и текстовите што ги изложивме од Светителите, го нарекуваат татко на верата, а тоа е загрижувачка духовна состојба, да нарекуваш татко на верата некој кој јавно делува против каноните на црквата.

Истиот овој лик ни упати погрдни зборови поради тоа што го напишавме за неговиот самопрогласен “старец“.

Ете така, оној кој држи беседи да се љубат непријателите, неговите духовни чеда пцујат по се живо што ги разобличува неговите секташки учења, ги направи да им смета вистинското православие.

Па сега, според Православното учење, Светите канони на Православната Црква и Светите Отци, самите заклучете кој прави спинови и кој прави разнебитувања на црковната јавност. Баравте докази, сами се разобличивте со вашшите дела.